(ВИДЕО) Заев: Очекуваме датум за почеток на преговори

Од:

– Очекуваме на есен да се тргне условеноста на препораката за членство на Македонија во ЕУ, а следен чекор да биде и датум за почеток на преговори.

– Реформите што ги спроведуваме, начините на кои ги продлабочуваме добрососедските односи и градиме нови цврсти пријателства со светот, придонесуваат и кон НАТО интеграциите. Сметаме дека се реални нашите очекувања Република Македонија да биде и 30. земја членка на НАТО, рече премиерот Зоран Заев на денешната средба со холанскиот премиер Марк Руте во Њујорк.

Руте, како што соопшти владината прес-служба, истакна дека Холандија во целост го поддржува реформскиот процес што го почна новата Влада на Република Македонија и ги поздравува чекорите на државата за градење добрососедски односи и регионална соработка.

– Холандија останува силен поддржувач на Република Македонија во заложбите за постигнување на стратегиските цели, Европската унија и НАТО, нагласи Руте.

Премиерот Заев потенцира дека новата Влада е фокусирана на реформскиот процес што, рече, треба да донесе квалитетен живот на граѓаните и да ги отвори перспективите на државата кон ЕУ и НАТО, каде што земјата припаѓа.

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект