ВИДЕО: Заев и Царовска следеа онлајн час по информатика, покажаа како ќе изгледа учењето од дома

Од:

Со час по информатика се презентираше првата национална платформа за онлајн учење во оваа учебна година.

Премиерот Зоран Заев најави дека националната платформа за онлајн учење ќе работи на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки.

„Ги потврдуваме цврстите заложби на оваа Влада за негување на соживотот и различноста во нашето општество“, рече премиерот Зоран Заев, напоменувајќи дека иднината е во дигитализацијата.

Министерката за образование, Мила Царовска верува дека оваа алатка ќе биде корисна за образовниот процес дури и по крајот на пандемијата.

„Целосно ги разбирам оние кои се загрижени како ќе ја поминеме училишната година. И самата сум родителка и тоа го чувствувам“, рече Царовска.

Според неа платформата ќе биде практична и лесна за користење од страна на наставниците и учениците.

Има 1600 наставници кои се училишни обучувачи за користење на платформата и тие понатаму ќе ги обучат сите останати наставници во училиштата.

„Платформата го доближува образованието на каналите кои тие секако често ги користат. Ученикот преку компјутер или телефон ќе може да ја гледа училницата и наставникот“, рече Царовска.

Учениците ќе можат да предложуваат измени на платформата.

Националната платформа за учење од далечина е изработена во соработка со ФИНКИ и МОН, а Царовска упати благодарност и до МАСИТ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето