Денеска, уставните судии како ненадлежни со 9 гласа ги вратија господинот Трајко и екипата во Собрание. Покажуваат демократија, дека сакаат да ги почитуваат правото и Уставот, а се гледа каков и чив Устав почитуваат, рече пред демонстрантите адвокатот Мирослав Вујиќ.
– Бетонот кој што го ветуваше, изборите, нема оставки, нема разговори, нема Пржино, сето тоа е фрлено во вода. Е од ова место сакам да му порачам, ќе бидат и оставки, ќе бидат и избори, ама не овакви како што тој ги организира и сака да ги организира. Демократски, фер и регуларни избори со прочистен список, рече Вујиќ.
Не е само Груевски проблем, туку и тие околу него, рече Вујиќ. Според него, Шарената револуција е тука да не дозволи државата да отиде во кал.
– Толку се гласни за таа аболиција, не го поддржуваат наводниот претседател. Меѓутоа, поднесена е иницијатива, ќе видиме што ќе направат со истата. Е тогаш ќе биде ова што го кажувате, мафијата на робија, рече Вујиќ