Амбасадорот на САД, Џес Бејли пристигна во резиденцијата на ЕУ во Пржино, кој најверојатно ќе присуствува на заедничката средба на четворицата лидери од која се очекуваат резултати, односно целосно исполнување на договорот од јули.
По поединечните средби од Пржино заминаа премиерот Никола Груевски илидерот на ДУИ, Али Ахмети. До доаѓањето на амбасадорот на САД, Џес Бејли, внатре се уште се лидеритена СДСМ и ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи.
Во Пржино попладнево, веднаш по амбасадорот на САД, повторно се врати белгискиот експерт и олеснувач на процесот, Питер Ванхауте, кој претходно кажа дека меѓународната заедница нема да се откаже затоа што мора да се постигне прогрес во оваа држава.