ВИДЕО: Во Битола 270 жители во изолација, 146 лица во карантин

Од:

„Опасноста од КОВИД -19 е реалност. И покрај низата преземени активности и мерки, координирани што од централно ниво, што на локално ниво, сведоци сме дека во државата бројката на заболеми се зголемува и по проценките на стручните лица, допрва ќе го доживува пикот“, вели во своето обраќање до јавноста градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

Таа ги извести жителите дека во моментов, на ниво на општина има 229 лица со решенија и 41 лице со потпишана изјава, кои се во домашна изолација, а во двата државни карантина во општината сместени се 146 лица.

„Јавните претпријатија со оперативни планови за периодот кој што следува, ги продолжуваат превентивните мерки во насока на ублажување на последиците. ЈП Комуналец и ЈКП Водовод, продолжуваат со интензивно чистење, миење и дезинфицирање на јавните површини и јавните објекти. ЈП Пазари и КЈП Нискоградба се задолжени за дезинфекција на пазарите, одржување на дезинфекционите корита, а покрај досегашното дезинфицирање на возилата кои што имаа дотур на стока на пазарот, дополнително ќе се дезинфицираат сите возила на влез во градот. Кризниот штаб донесе одлука, дотурот на стока со возила кои што влегуваат во нашиот град да биде во претпладневните часови. Црвениот крст,ќе ги распределува пакетите за семејствата на ранливите категории, за што како поддршка ќе ги има ангажираните лица на УНДП и ЕС-ДИ-СИ, кои досега работеа како образовни асистенти во Општина Битола“, вели таа.

Клиничката болница Битола од вчера е регионален центар. Во овој момент, вкупната бројка на кревети е 35, со можност да порасне до 100, а има и респираторни машини.

„Да се надеваме дека овој капацитет нема да биде искористен“, вели Петровска и додава дека Центарот за јавно здравје ги презеде сите мерки, вклучително и дополнителна дезинфекција во старскиот дом дом Сју рајдер, по појавата на корона вирусот кај еден нивни штитеник.

„Бидејќи секоја мерка само амортизира, а не елиминира, Ве молам седете дома“, апелира градоначалничката Петровска

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов