(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ потфрли во ЕУ интегративниот процес – решението е во Влада за национален спас

Од:

Република Македонија од вчера, покрај здравствената ситуација, во која што се наоѓа во прилично сложена и сериозна ситуација и на надворешен план. Владата на Зоран Заев и СДСМ потфрли во ЕУ интегративниот процес, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Трета година по ред Зоран Заев, заедно со Никола Димитров ги лажат граѓаните дека добиваме датум за преговори и дека ги отпочнуваме преговорите. Оваа лага излезе на површина и за жал, штетата сега ја трпат сите граѓани и самата држава Република Македонија. Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска де факто немаат капацитет да нудат повеќе европска иднина. Тонат во бездна, а со нив ја повлекоа и целата држава и целиот народ. Шарлатанското однесување од типот на „домат дипломатија“ и „љубави, како си, те поздрави Зоки” излезе на виделина и конечно стигна поздравот до Зоран Заев и Владата за нивната несериозност, некапацитетност, некадарност, и негрижа кон државата и граѓаните, како и кон националните интереси“, рече Арсовски.

Тој вели дека во овие моменти, кога стигнал одговорот од бугарската влада за „шарлатанската дипломатија на Зоран Заев“, најмногу страдаат граѓаните, обичниот народ и самата држава.

„Бидејќи вчера Стево Пендаровски рече дека бил постигнат договор, па потоа не испаднало така се изјаловила работата, јавно прашуваме, што стоело во тој постигнат договор помеѓу Македонија и Бигарија, односно Заев и премиерот на Бугарија, што содржел истиот договор за кој се согласиле Зоран Заев, Димитров, Османи и Пендаровски, целата влада, а не се согласила бугарската страна?
Барем еднаш нека бидат искрени и нека не ги манипулираат и лажат граѓаните. Вистината повторно ќе излезе на виделина“, рече тој.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и сите министри треба да си дадат оставки и да се формира Влада по формат за национален спас.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?