(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Препорката на ЕК е вообичаена, а не условена како што тврди СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува препораката за започнување на преговори за полноправно членство на Република Македонија во Европската унија и смета дека со неа Европската комисија оценува дека се исполнети демократските и институционалните услови за наше целосно интегрирање во Унијата.

– Македонија е држава која е спремна да започне преговори, ги исполнува стандардите, а Комисијата го констатира тоа и го препорачува. За среќа, не се остварија сценаријата за кои раководство на СДСМ се надеваше и работеше и не им се оствари желбата Македонија да не ја добие препораката за почеток на преговорите, рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната партиска прес-конференција.


Тој посочи дека сите кои работеа на можноста Македонија да не добие препорака се разочарани и се обидуваат да го намалат значењето на препораката.

– СДСМ дури сака да го игнорира и фактот дека препорака постои. Европската унија очигледно добро ги одмерила реалните состојби со капацитетот на нашата држава за почеток на преговори за полноправно членство. Начинот и методологијата како е изработен и презентиран Извештајот како документ не е различен од претходните години. Така беше и минатата година, годините претходно, така е и сега. Има елементи кои се пофалени и означени како навистина напредни, но има и теми за кои Европската комисија очекува поголем ангажман од страна на домашните институции, но и на сите политички субјекти и општествени чинители, прецизира Димовски.

Се надеваме, нагласи, дека СДСМ и нивното раководство ќе научат дека со напад спрема својата држава не можат да успеат во својата желба за враќање на власт.

– Оваа препорака е јасен показател дека стандардите во Македонија се на нивото потребно за почеток на преговорите, инаку би немале препорака, ако е се црно како што вели СДСМ. Препораката не е ниту условена, како што опозицијата со своите медиуми, сакаше да конструира и да претстави во обид да превенира да биде толкувана како шамар за раководството на СДСМ, посочи Димовски.

За нас, додаде, е посебно значајно што Европската унија нотира голем напредок во економијата и прогрес во правосудството и јавната администрација, како и борбата против организираниот криминал.

– Изразуваме надеж дека Унијата ќе успее да најде начин, со силна поддршка од наша страна да се стави крај на ќор-сокакот, наметнат од една од членките на Унијата, како што и самите велат. ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребен континуитет на високиот дијалог помеѓу Република Македонија и Евроспката унија. Потребен е повисок фокус на Европската комисија кон Македонија, бидејќи членството на нашата држава во Унијата е стратешка определба, потенцира Димовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски