444 од 448 делегати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ гласале професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова да биде претседателска кандидатка на партијата. Таа ќе собира и 10 илјади потписи од граѓаните за потврда на кандидатурата.
„Не се станува Европеец, не се вежба европеизација преку реторика ЕУ, ЕУ, ЕУ… Не! Туку преку вежбање демократија. Мора Копенхашките да се однесуваме. Мора владеењето на правото да ни биде прво. Мора слободите и правата на човекот да ни бидат во фокусот. Мора пазарна економија да градиме. Мора да ги почитуваме индивидуалните права, ама исто така и малцинските права. Јас ве уверувам дека нема да ве засрамам. Јас ве уверувам дека ќе ги мерам зборовите. Ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам, а нема да дезинтегрирам“, порача Силјановска.
Силјановска беше претседателска кандиатка и пред пет години кога беше избран Ствео Пендаровски. Тој ќе влезе во трка за нова мандат. Утре треба да ја добие потврдата на Конгресот на СДСМ. И тој најави дека ќе собира потписи.
Покрај Силјановска и Пендаровски, кандидати за претседател ќе бидат уште петмина: Бујар Османи од ДУИ, Билјана Ванковска од Левица, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Арбен Таравари од албанските опозициски партии и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.