(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше улицата кај Регулаторна: Остануваме на улица се додека власта не го слушне гласот на народот

Од:

Граѓаните и членовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска го реализираа вториот протест против поскапувањето на струјата со блокади на улицата пред Регулаторната комисија, како и булеварот „Климент Охридски“ кој води до центарот на градот.

Партиските членови на протестот дојдоа со автомобили, на кои наместо таблички имаше транспаренти – „Живот на вересија“, „Заев апаш, тендери лапа“, „Доле влада“ и слично.

На овој начин го искажаа револтот, како што порачаа од немањето на слух од власта, да го слушне граѓанското барање за враќање на старата цена на струјата.

На овој протест порачаа дека покрај враќањето на старата цена на електричната енергија бараат оставка од сите членови на Регулаторната комисија, бидејќи како што велат, не се независни туку партиски кадри.

Ова го кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој се обрати на протестот.

„Бараме под итно да си поднесат оставки, овие послушници на власта и да се донесат професионални и независни кадри кои ќе одлучуваат непристрасно и во согласно со барањата на народот. Нашата битка продолжува, остануваме на улица, затоа што власта очигледно нема слух за граѓанскиот глас. Ќе се бориме со сите демократски алатки кои што ни стојат на располагање, како и преку институциите, но очигледно Собранието нема капацитет да се собере, каде што можеме да го креме нашиот глас. Затоа продолжуваме од улица. Ги повикуваме и останатите истомисленици, синдикати и обесправени граѓани“, порача Мисајловски.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека продолжуваат со серијата на протести за што ќе информираат дополнително.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер