ВИДЕО: Власта и директорот на Идризово го држат со сила Љубе Бошкоски во затвор

Од:

Власта не го пушта Љубе Бошкоски да излезе од затворот во Идризово иако сите услови за тоа се исполнети, реагираат денеска од партијата на Бошкоски и најавија протести од следната недела доколку не биде пуштен екс министерот за внатрешни работи.

Власта испорача услови за нивното учество на изборите: Ние ќе одиме на изборите, само ако не излезе Љубе Бошкоски од затвор. Политичкиот прогон над лидерот на Обединети за Македонија продолжува и во затвор. Од високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ е испратена порака до нивниот директор на затворот, Живко Пејковски по никоја цена да не се дозволи излегувањето на Љубе Бошкоски пред одржувањето на изборите. Стравот оди до таму што директорот Живко пејковски, злоупотребувајќи ја службената положба му го ускратува законското право на Љубе Бошкоски, на скратување на затворската казна од три мeсеци, право што досега го добиле сите осудени лица. Досието на Бошкоски е беспрекорно и има препорака од Судот во која се вели дека нема пречки за негово ослободување.

Претставниците на меѓународната заедница во целост се запознаени со обидите на власта да ги ускрати правата на Бошкоски, рекоа од Обединети за Македонија и најавија протести на кои ќе ги повикаат сите граѓани од државатa.

– Најавуваме протести и јавно соопштување на имињата на функционерите кои заедно со директорот Пејковски учествуваат во овие валкани игри и воедно ги повикуваме сите слободоумни граѓани да ни се придружат во борбата за слобода, правда и еднаквост, рече Марјан Огњановски од Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска