Небојша Вилиќ, професор на Факултетот за драмски уметности со несекојдневно музичко шоу им се обрати на насобраните граѓани кои дојдоа симболично да го гушнат ГТЦ.
„Кога разбрав што ќе се случува со ГТЦ, ја земав гитарата на син ми и за прв пат по 20 години свирам“, рече тој.
Вилиќ на смеа кажа дека не знае дали ГТЦ е виновен што неговите брат и сестра се запишале на архитектура, а тој историја на уметност, споделувајќи со граѓаните дека додека студирал разбрал зошто објектот е важен и зошто се заљубил со него.
„Кога станав наставник не можев а да не го употребувам како пример“, изјави тој.
На сето тоа граѓаните гласно извикуваа „Градот е наш, градот не го даваме“.
Темјана Поповска