На завршувањето на долгите разговори во Пржино, олеснувачот на преговорите Питер Ванхауте рече дека е скептичн за функционалноста на ДИК и дека според него професионалци треба да се справуваат со овие проблеми со цел правилно организирани избори.
Тој вели дека ќе разгледуваат што опозицијата ќе прави во наредните денови и ќе го продолжат дијалогот со нив, се со цел да ги вратат на преговарачка маса.
– Во следните недели ќе продолжиме да се обидеме да работиме, особено на приоритетните проблеми. Ќе дадеме се од себе за да достигнеме договор за овие проблеми, рече Ванхауте.
Ванхауте рече дека ќе го следат и проблемот со изборите се додека не бидат сигурни дека ако дојде до избори тоа ќе биде на најсоодветен начин.
Александар Тодески