(ВИДЕО) Вајгл: Мора да се спроведе Пржино, прашањето за избирачкиот список е контроверзно

Од:

Партиите мораат да го почитуваат договорот од Пржино, досега се испорачани многу малку реформи, се разбира со задоцнување, рече европскиот пратеник Иво Вајгл.

– Има и други прашања кои ги разговаравме, тоа е прашањето за изборите и изборниот процес. Самото започнување со различни контроверзии за избирачкиот список и за други реформи кои треба да бидат испорачани. Ние очекуваме дека МАкедонија ќе продолжи на патот на реформите, рече Вајгл.

Според него, најголемите разлики на партиите се во прашањето за медиумите, што претставува незадоволителна ситуација.

– Може да се преземат многу конкретни чекори во следните месеци се со цел да се подобри состојбата во медиумите и улогата која што медиумите ја одигурваат во една демократска држава, рече Вајгл.

Тој додаде дека Македонија е суштински променета од првата посета на европратениците до денес, како и дека Европскиот праламент покажува континуиран интерес за државата.

– Ветувам дека Европскиот парламент ќе биде присутен тука, ние повторно ќе дојдеме и ќе дадеме извештај во Парламентот и ќе бидеме контакт со другите Европски институции. Имаме заеднички интерес, да имаме демократска Македонија како идна членка во ЕУ, рече Вајгл.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски