ВИДЕО: Учениците од „Никола Карев“ следат настава со ракавици и јакни, за директорката тоа е нормално

Од:

Трет ден учениците од средното училиште „Никола Карев“ со јакни и ракавици ги следат часовите. Тие се жалат дека училниците и ходниците се ладни, а тие се смрзнуваат бидејќи во училиштето нема греење. Проблемот со парното настанал во средата откако снема струја, а до денес не е саниран. Учениците и натаму мора да посетуваат настава, но се жалат, велејќи дека температурите се премногу ниски, а нема ниту едно грејно тело во просториите каде што следат настава.

„А1он“ беше во училиштето, каде што ходниците беа ладни и празни додека учениците следеа скратена настава. Директорката на училиштето, Горица Илијоска, немаше време за да нè прими во нејзината канцеларија, која, за разлика од училниците, беше затоплена. Нашата екипа не успеа да сними како се одвиваат часовите бидејќи немаше дозвола од директорката.

„Не можеме да одложуваме настава поради секакви проблеми, само ги скративме часовите. Во мојата канцеларија е топло бидејќи има клима. Такви уреди има и уште во неколку училници, а децата ги шетаме низ нив. Нормално дека тие седат со ракавици, ладно е, што да правиме“, одговори директорката на нашето прашање зошто дозволува учениците да се смрзнуваат.

Наместо да каже кога ќе биде саниран проблемот со парното, директорката Илијоска кажа дека се брза за состанок по што замина од училиштето. Таа нè посоветува за дополнителни прашања да дојдеме во вторник, бидејќи следува викенд, како и неработен ден.

Би можело да ве интересира

Видео: Млаки радијатори, се штеди ли на греење, ќе поскапи ли парното?

Анита Петровска Рајковиќ

Опера и балет пушта тајфуни да ги згрее уметниците, публиката се жали дека се смрзнува на претставите, МНТ денес ќе го вклучи греењето

Маја Илиевска-Пачемска

За прекумерно греење и затворски казни во Швајцарија

А1он

Полската влада предлага субвенции за греење на домаќинствата, болниците и училиштата

Ковачевски оддаде почит на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република

Германците навалија на „Смедеревац“ печки на дрва и камини – се чека и по една година

А1он