(ВИДЕО) Уапсена криминалнa групa инволвиранa во трговија со дрога и оружје

Од:

Полицијата денеска под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во којa беше сузбиена повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Струга, едно лице од Охрид и еден албански државјанин (кој престојува во Струга), кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје.

Од МВР велат дека постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија на претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 36 локации во Струга, Охрид и во Затвор „Скопје“, при што од слобода се лишени 19 лица, додека по три лица се трага, а едно лице од претходно е во затвор.

„Кривично пријавени се вкупно 23 лица за кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје. При лишувањето од слобода и при извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени оружје, муниција од различен калибар, кокаин, марихуана, пари, патнички моторни возила, мобилни телефони и други предмети. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе кривична пријава против 23 лица и тоа, против В.Е. (32), Д.Е. (30), Љ.Ц. (37), Е.П. (38), Б.Х. (27), Е.Р. (20), К.Л. (52), Х.К. (43), И.Б. (35), А. Ж. (27), Е.Б. (25), Б.Ѓ. (27), Д.С. (35), С.Д. (29), М.Т. (38), Е.О. (21), К.З. (21), Ф.Џ. (26), Д.У. (76), Г.Т. (43), А.Ж. (46), С.Т. (37) и С.Н. (44) за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции“ од чл.215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичен законик.

За време на спроведеното криминалистичко истражување утврдено е дека целта на формирањето на организираната криминална група е стекнување на противправна имотна корист која произлегува од извршените кривични дела, а во текот на истрагата во повеќе различни случаи документирани се продажби на наркотична дрога, оружје и муниција. Во временскиот периодот од јануари 2023 година до ноември 2023 година, В.Е. како организатор и Д.Е., Љ.Ц. и Е.П. заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога (кокаин, марихуана, масло од марихуана и хашиш) се здружиле и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на наркотичната дрога, кои нелегални активности во делот на продажбата ги вршеле заедно со останатите пријавени лица, кои дејствувале во групи. Кокаинот го продавале по цена од 60 до 100 евра за еден грам, додека маслото од канабис го продавале по цена од 40 евра од кубик. Исто така, во наведениот временски период заради неовластено набавување, држење и продавање на поголемо количество огнено оружје и муниција, како група се здружиле лицата Г.Т., А.Ж., Д.С., С.Т., С. Н., Е.О.“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Потера низ Скопје по 26 годишна девојка – удрила полицаец со автомобилот бегајќи од претреси за дрога

Пронајдена дрога при претрес во Скопје

ОЈО: Во Шипковица е пронајдено оружје и фалсификувани пари

САД постигнаа рекордна продажба на оружје во 2023 година

Затвореник од Штип организирал шверц на хероин

(ВИДЕО) Криминална група вршела убиства и набавувала кокаин од Латинска Америка – Спасовски вели: Ќе се зачудите кој се е вмешан

Александар Тодески