ВИДЕО: Тужби за Панчевски од сите страни, од мобинг до самовластие

Од:

На поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје и претендент за нов мандат, Владимир Панчевски му се подготвуваат уште неколку кривични пријави, кои се последица на неговото незаконито работење, вели за А1он адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

– Панчевски има кривична пријава и за самовласите, предмет кој беше во Основниот суд Скопје 1 но тој молчеше иако е претседател таму, што е навистина безобразно. Тој предмет е префрлен во Основниот суд Битола на надлежност. Има кривична пријава и за дивоградба, затоа што е тоа тешко кривично дело, видовме дека обвинителството тактизира, но на крај вистината ќе излезе на виделина. Најверојатно и другите вработени после ова ќе се одважат затоа што многу вработени имаат забелешки на неговото работење, им поставуваше норми од 400 предмети, нешто што непостои. Ги распоредуваше како сака, буквално како да се однесува во негова приватна фирма, по што мислам дека и другите ќе се одважат после овој предмет, рече Давидовиќ.

Тој вели дека Основниот суд Скопје 1 веќе подолго време има секакви забелешки од стручната јавност, а во последно време има големи поплаки и од вработените.

– Таму очигледно иако е суд, не биле во склад со закон работите. Ние поднесовме тужба за мобинг, но и кривична пријава за злоупотреба на правата на претседателот на судот и повреда на рамноправноста затоа што сите проблеми на нашиот клиент произлегуваат од тоа што е виден од страна на Панчевски на протест на шарена револуција и буквално му било забележано зошто учествувал, што по нас е загрозување на правото на политичко убедување и делување. Тој во суд нема право политички да делува, тоа и не го прави, но има право на свое мислење и убедување, додаде Давидовиќ.

Адвокатот Душко Јанковиќ кој го застапува тужителот Горан Стаменковски, за А1он изјави дека судницата вчера била полу празна, а причината која ја навел Владимир Панчевски била неуредна достава на поканата.

– Се докажа дека неговата покана ја добила неговата мајка со која што заедно живеат, што на некој начин се смета како уредна достава и тој бил информиран и требало да биде обезбедено неговото присуство, ако не тој, неговиот адвокат, вели Јанковиќ.

Тој појаснува дека ова не е класична граѓанска постапка и оти Панчевски мора да се појави затоа што има постапка за докажување бидејќи се терети за преземени дејствија со кои се вршело малтретирање на тужителот.

– Ако уште еднаш не се појави, судот ќе мора да продолжи со работа, односно со разгледување на доказите на тужителот и ќе го усвои тужбеното барање и во негово отсуство. Со самото тоа што нема да се појави, тужениот докажува вина, затоа што секогаш кога некој е тужен а чувствува дека не е виновен, тој веднаш реагира. Судот мора да ја заврши постапката и во негово отсуство, а тој своите права нека ги бара пред апелациониот суд, нагласи Јанковиќ.

Дека Панчевски има криминално досие уште од младоста, А1он го објави и неговото досие, во кое е наведено дека освен што крадел решоа и радија за автомобили, има претепано и девојка.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Апелација го одби барањето на Панчевски за изземање на Велешкиот суд

Жарко Настоски

Панчевски се бара со потерница

Кристијан Ландов

Полицијата не може да го пронајде Панчевски, за кого судот одреди притвор

Кристијан Ландов

Кривичен суд го доби решението за суспензија на Панчевски, но тој не се појави да го подигне

Татјана Ташкова

На судијата Панчевски му се заканува суспензија поради обвинението за АКМИС-от

Васко Маглешов

Судијата Владимир Панчевски осомничен за 2 кривични дела

Ана Ололовска