На судијата Панчевски му се заканува суспензија поради обвинението за АКМИС-от

Од:

Судскиот совет по службена должност го прибавил обвинението за експретседателот на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, за злоупотребите со АКМИС системот, потврдија од Советот за „А1 он“.

Советот сега може да одлучи да го суспендира Панчевски, како што тоа неодамна го направи во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за управниот судија, Мустафа Шаини.

За Панчевски во Советот е отворен и предмет по поднесена иницијатива за нестручно и несовесно вршење на судиската функција и е формирана комисија, која треба да го разгледа и обвинението за експретседателот на скопска единица.

Скопското обвинителство по спроведената истрага поднесе обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување за Панчевски, за местење предмети заобиколувајќи го електронскиот автоматизиран систем за распределба на предмети, АКМИС.

Панчевски на неговиот профил на „Фејсбук“, сподели статус во кој што напиша дека предметот е фингиран и дека потонуваат 47 судии во прв степен и сите судии кривичари во Апелација и во Врховниот суд и обвинителите во обвинителствата.

„Ако Панчевски е криминалецот што распоредувал предмети, а суделе судии избрани од Судскиот совет во прва степен, а потоа постапувале по жалба и по вонредни правни лекови“, напиша тој на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Наместо Судскиот совет во иднина самите судии меѓусебно ќе се оценуваат

Ана Ололовска

Маричиќ: Новото кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило” предлог на судии и обвинители

Ана Ололовска

Иван Џолев в.д. претседател на Кривичниот суд Скопје

Ана Ололовска

Спано за пресудите за Софија: Секоја членка на СЕ е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот

Ана Ололовска

Спано: Има добри реформи во македонското судство кога станува збор за ограничување на максималното траење на постапките

Ана Ололовска

Од денеска по електронски пат ќе се добива уверение од казнена евиденција

Ана Ололовска