(ВИДЕО) Трајковска: Мијалков го известил Камчев за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска на денешното сведочење во случајот „Тортура“ кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, на прашање на обвинителот изјави дека Сашо Мијалков му кажал на Орце Камчев за апсењето на Љубе Бошкоски.

„Од разговорот кој беше пуштен во јавноста помеѓу мене и Орце Камчев, бидејќи велиме „пријателот“, потврдувам дека станува збор за Сашо Мијалков. Тој му ја дал информацијата за апсењето на Бошкоски“, рече Трајковска.

Новинарката на сведочењето кажа дека била разочарана од настанот и дека Камчев ја известил дека примил информација оти нешто ќе се случува за еден час.

„Пред „Воденица“ видов многу медиуми како да доаѓа странска делегација. Мој впечаток беше дека Бошкоски дошол да даде изјава. Не знаев дека е приведен се додека не дојдов дома и видов на вести“, кажа Оливера Трајковска.

Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Камчев и Трајковска се изгушкаа по сведочењето за „Тортура“

Виктор Јованов

Камчев: Сите во Македонија разговараа за апсењето на Бошкоски, интересен беше предметот

Виктор Јованов

Нови рочишта за „Титаник“, „Тортура“ и „Тарифа“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Тортура“ и „Титаник“ на СЈО

Ана Ололовска

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Ана Ололовска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска