(ВИДЕО) Лапе: Ваквата пресуда испраќа порака дека начинот на кој е уапсен Бошкоски е дозволен и законски

Од:

Јавниот обвинител Љубомир Лапе кој го застапува предметот „Тортура“, смета дека со ослободителната пресуда за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и полициските службеници од единицата „Алфи“ се остава впечаток дека апсењата како тоа на Љубе Бошкоски е дозволен и законит. Тој тврди дека обвинението е прецизно, заедно со преземените дејствија. Ослободителната пресуда ќе ја обжали.

„Обвинението е детално и доволно прецизно. Тоа го објаснив и во завршен збор и во одговор на решението на судот за преотворање на главната расправа. Секако ќе ја обжалиме пресудата. Во модерните демократски цивилизирани општества, вакво лишување од слобода е забрането и санкционирано. Судот пропушти да ги санкционира сторителите, при јасни докази и недвосмислени докази. Ќе вложиме жалба на сите околности, а сметам и дека ќе биде испратена порака дека ваквиот начин на апсење е дозволен и законит“, рече Љубомир Лапе.

Прашан дали очекувал ослободителна пресуда во момент кога судот одлучи да ја преотвори постапката, обвинителот Лапе вели дека тоа може да се толкува како увертира.

„Може да се толкува како еден вид увертира во таквиот епилог, бидејќи странките немаа предлог за преотворање на главната расправа, судот самоиницијативно ја преотвори. На следните две рочишта не беа преземени никакви дејствија. Обвинението е прецизно“, рече Лапе.

Судијката Александра Ристеска ги ослободи ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, второобвинетиот кој поранешен прв човек на единицата „Алфа”, Ивица Анчевски – Пуки, полициските службеници Новица Станковски, Филип Атанасов, Петар Милошевски, Јован Боцевски, Метуш Шабани во случајот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски.

„Судот ќе одлучи на начин поповолен за обвинетите. Судот обвинетите ги ослободува од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа дека го сториле делото за кое се обвинуваат“, рече судијкатаАлександра Ристеска.

Судијката рече дека таа заедно со останатиот судечки совет, не видела докази со кои се докажуваат делата за кои се гонеле обвинетите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со ослободувањето на Мијалков и „алфите“, судијката Александра Ристеска ја демонтира третата „бомба“ на Заев

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: „Алфите“ кои го апсеа Бошкоски со пиштол на образ си честитаа слобода со Мијалков

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Судијката Ристеска ги ослободи Мијалков и „алфите“ за апсењето на Бошкоски

Кристијан Ландов

Обвинелството е против повторно изведување докази за „Тортура“

ВИДЕО: Наместо пресуда, судот бара нови рочишта за „Тортура“, на судиите не им е јасно кој полицаец што направил кога го апселе Бошкоски

Кристијан Ландов

Кривичниот суд Скопје денеска ќе ја објави пресудата за „Тортура”

Ана Ололовска