(ВИДЕО) Тони Науноски-дискриминираниот Македонец се вдоми во Комисија за заштита од дискриминација

Од:

Без опозиција, собраниската Комисија за избори и именувања ги утврди имињата на новите членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Двајцата членови на ГДОМ-Тони Науноски, Александар Даштевски, потоа Александар Спасеновски, Нена Неновска-Георгиевска, Јован Ананаиев, Ирфан Дехари и Беким Кадриу се имињата за кои владејачкото мнозинство даде поддршка, а за кои опозицијата обвини дека се приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ за кои се барало место каде да се вдомат.

Александар Даштески е поранешен член на Државната изборна комисија, ги менува политичките табори, беше и во Обединети за Mакедонија, а набрзо потоа, по апсењето на Љубе Бошкоски, премина во ВМРО-ДПМНЕ, чии ставови  како експерт ги брани на  медиумите блиски до власта.

Тони Науноски, редовен експерт во медиумите, кога треба да се бранат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, сам се прогласи за дикриминиран Македонец од Албанците, а за кого гласаше и ДУИ.

„ Македонија е унитарна држава, не е федерација, каде пишува дека мора да има албанска партија во власта? Во нашиот Устав единствен услов за да имаш Влада е да имаш 63 пратеника. Принципот на Бандетер е тортура на малцинството врз мнозинството. Постои забрана за вработување на Македонците во државни институции од 2001 година до денес, а за Албанците е дозолено. Тоа е дискриминација, јас сум дикриминиран како Македонец доколку сакам да се вработам во јавна институција , јас сум диксриминиран, се вработуваат Албанци врз основа на нереални бројки, тоа е Апартхејд. Ние Македонците сме дискриминарани, вие го имате Абдулаким Адеми и другите, кој дрско вели дека ние вработуваме ќе вработуваме уште Албанци.

Наплата на даноците каде живеат Албанците е многу пониска. Кај повеќето Македонци, “рецепцијата“ на овие мои ставови кои ги изнесувам во медиумите е негативна кај оние кај бројка мала, но по поврзаност по логистика и по финасии од извесни структури, тие луѓе малкумина се, познати како Соросоиди, тие веќе 20 години го тероризираат моделот на рецепција на македонскиот човек , на македонскиот народ. Сето што се случува е последица на доминацијата, антимакедонската доминација на антимакедонскиот курс.Првата задача што треба да се реализира е забрана за јавно политичка употреба на фразата “Македонија е мултиетничка држава, дури и со закон да се забрани употребата на оваа флоскула, затоа што е почеток на приказната која е целосно неприфатлива и испраќа редица пораки до меѓународната заедница“, изјави Науноски во емисијата на Миленко Неделковски на Канал5.

 

Тој е член на ГДОМ

„Сите домашни и странски непријатели на Македонија се во последната битка. Очигледно е според ресурсите кои ги употребуваат, но македонскиот народ ќе победи, зашто ги гледа овие нивни тајни намери. Како минуваат деновите стануваат нервозни и прават лоши сеанси во смисла на комедија. Тие почнаа антимакедонскиот ум да составуваат влада на Македонија со Албанец премиер. Во Албанија нека си владеа со Албанец премиер“, рече Науноски  на трибина на ГДОМ.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Орце Костов

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

Орце Костов

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

Орце Костов