ВИДЕО: Тепачка на јавната презентација на ДУП-от за Трнодол

Од:

Жителите на Трнодол бараа поголема сала каде би можела да се одржи јавната расправа за ДУП-от кој не го одобруваат.

Ова барање не беше пифатено ниту одбиено од страна на општинскиот претставник Горан Павлов по што тензиите се вжештија. Жителите на Трнодол велеа дека во салата еден час пред одржувањето на јавната расправа дошле луѓе кои ги нарекоа партиски војници со цел да ја саботираат јавната расправа. Откако Павлов се врати во салата каде што требаше да се одржи расправата настана тепачка најпрво меѓу две групи граѓани, а потоа сите му се нафрлија на општинскиот претствник кој требаше да го рпезентира ДУП-от за Трнодол.

Вработените во општината бараа новинарските екипи да не снимаат и ги туркаа надвор од општинската зграда.

Внатре освен физички контакт имаше и пцовки.

„Од кого пари зимате м**е ви е**м? За рекетари ли да плаќате бе? Од мои пари рекетари плаќате. Искочи надвор. Излагај надвор. Излагај п***а ти м***р.“ се слушаше во салата, од човек кој се претстави како жител на населбата.

Општинскиот претставник Павлов рече дека го нападнале повеќе лица.

„Ми се нафрлија повеќемина. Планирана седница не со откажува по лична волја на еден или двајца, јас не можев да бидам тој што ќе одлучи дали ќе одложиме или не“, кусо изјави Павлов.

По инцидентот, во општинаа пристигна полиција.

Жителите на Трнодол тврдат дека на седницата се присутни и лица кои се дојдени таму по партиска линија.

Тие се жалат на провокции од луѓе присутни на јавната дебата за кои велат дека дошле еден час порано. Тие тврдат дека намерно се носат луѓе за да се создава тензија.

Расправата не започна воопшто по инцидентот.

“Вие имавте провокатори овде”, вели еден од жителите кон вработените во општината.

Жителите на Трнодол не се согласуваат со деталниот урбанистички план што е ставен на јавна анкета, кој, според нив, ќе предизвика штета на целата населба. Според нив, спорен детаљ се и маркичките за градба, кои се директно позиционирани врз каналот што ги собира водите од планината, а планираните петкатници ќе го загрозат слободниот проток на вода во случај на големи дождови и дополнително ќе го поткопаат брдото.

Бараат да се повлече предолжениот ДУП и Советот на Општината да донесе мораториум за градба и издавање дозволи за градба во ризичното подрачје, како што се брдата под Трнодол и Жданец. Не сакаат да се чепка структурата на населбата, против се обиколница да поминува низ населбата, како што е претставено во планот. Тврдат дека иако градоначалникот им ветил дека се согласува со барањата и забелешките што граѓаните ги доставиле до Општината, на увид им го ставил истиот план, што кај нив предизвикува дополнителен револт. Тие велат дека чекаат нов регулациски план од Градот Скопје, кој ќе ги реши спорните барања и откако тој ќе пристигне, ќе седнат на маса и ќе се договорат заеднички со Општината за новиот ДУП. Доколку не се повлече овој ДУП, тие најавија протести, но и тужби против Општината.

Градоначалникот Богоев, пак, тврди дека се договорил со жителите и дека нема да има нова населба над Трнодол. ДУП-от што го предлага вели дека е на барање на жителите на населбата Козле и треба да се донесе, но тврди и дека не е конечен, на јавен увид и може да се поднесуваат забелешки до 27 декември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Цетиње: Се степаа пратениците во црногорското Собрание

Горан Наумовски

Сопственик на кафeана претепал музичар, па му го оштетил и музичкиот инструмент

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Истражување: Дел од општините имаат неважечки Генерални урбанистички планови

Орце Костов

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров