(ВИДЕО) Тепачка меѓу ветeраните: Кој ја мерка зградата на Сојузот на борци на Македонија?

Од:

Тепачка за огромната зграда во центарот на Скопје- Сојузот на воени инвалиди преку извршители се обиде насилно да ги исфрли ветраните од Сојузот на Борци, кои се тука со децении.

Извршителите не ја завршија работата, следуваше отпор, но остана сомнежот-која партија сака да ја „лапне“ за без пари вредната зграда од пет ката во центарот на Скопје?

Тие информираат дека секојдневно можат да се видат луѓе од една партијата во објектот, кои сакаат да ја земат зградата преку Сојузот на инвалиди. Предупредуваат дека зад судските одлуки и намерата на брзина да се одземе власта се крие политиката.

Борците предупредија дека со исполитизирана и чудна одлука на судството, имотот им е одземен и предаден на Сојузот на инвалиди. Основниот суд во Скопје и Апелациониот суд, во 2008 година утврдиле дека зградата е сопственост на Сојузот на борци. Истите судови во 2010 и 2011 година носат сосема спртивна ослука-дека зградата е на Сојузот на воени инвалиди. Меѓутоа Врховниот суд оваа година ги укина пресудите и предметот го врати на повторно судење во основниот суд 1.

Токму и покрај ваквата одлука и судењето кое е во тек, имаше обид да се издејствува извршување и преземање на просторот.

Хронологија на спорот

-Сојузот на Борците на Македонија е формиран во 1947 година.

-Во 1962 година извршена е интеграција на тогашните три сродни организации: Сојуз на Борци, Сојуз на воени инвалиди и Сојузот на воени старешини во една организација-Сојуз на здруженија на борците од НОБ.

-По осамостујувањето на Република Македонија Сојузот на Борци се конституира како самостојна невладина организација

-Во 1997 година по иницијатива на одделни борци е формиран Сојуз на воени инвалиди на Македонија, со тоа што е спорна потврдата од Одделението за управни работи на СВР Скопје, со кое се јавува како наследник на Сојузот на воените инвалиди регостриран во 1945 година во Белград. Врз основа на тој документ во 2001 Сојузот на инвалиди покренува судска постапка за целокупниот имот на СБМ, при што основниот суд Скопје 1 во 2001 година и Апелациониот суд во 2008 година носат решение дека имотот е на Сојузот на Борци на Македонија.

-Во 2011 година основниот суд Скопје 1 и Апелациониот суд носат спротивни пресуди од сопствените во 2001 и 2008 година и имотот му го предаваат на Сојузот на инвалиди.

-На 25 јануари, 2012 година Врховниот суд ги укинува решенијата и предметот го враќа на повторно судењето во основниот суд Скопје1

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ