ВИДЕО: Темелковски признава дека во Расадник ќе има стотина нови згради, но и зеленило

Од:

Сите државни парцели во расадникот во Кисела Вода се исчистени од згради, а останатите парцели се во приватна сопственост, вели градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски, откако „А1он“ објави дека со новиот предлог Детален урбанистички план (ДУП) во расадникот ќе никнат 100 нови згради, а со тоа ќе се населат нови 20.000 станари.

Тој не ја негира бројката од нови стотина згради во овој дел на Скопје, но убедува дека во координација со Градот Скопје и со Министерството за транспорт и врски нема да се дозволи да биде донесен ДУП кој би се косел со било каков закон или правилник.

До утре, 7 ноември, трае јавната анкета на која секој засегнат граѓанин може да поднесе приговор.

Засега, 180 жители поднеле петиција и барале да се изградат паркови и зеленило на места на кои е предвидено да се градат згради, но на парцели кои се во приватна сопственост. Поднесени се и 60 анкетни листови – 10 се однесуваат на неможноста за паркирање во расадникот, 10 се во однос на густината на населеност во овој дел од градот, а 40 се поднесени од сопственици на парцели кои бараат да им се зголеми бруто развиената површина на парцелите.

Темелковски вели дека за општината е приоритет изградбата на поликлиника, градинка, основно и средно училиште, три нови паркови и пешачка зона со подземно паркирање.

„Познавајќи ги проблемите на општината, а и лошите меѓучовечки односи, сигурен сум дека некои згради никогаш нема да се изградат. Некои од нив влегуваат во 2-3 парцели, а секоја парцела има по 20 сопственици. Шеесет луѓе тешко дека ќе се договорат“, вели Темелковски.

Расадникот е едно од ретките места во Скопје кое не е изградено

„А1он“ вчера објави дека со планот е предвидена бруто-станбена површина од над 837 илјади квадратни метри. Од нив, дел се веќе изградени куќи кои ќе добијат еден кат повеќе, а дел се веќе постоечки згради. Нa празните парцели со вкупна бруто-станбена површина од речиси 550 илјади квадратни метри се предвидени стотина нови згради.

Проблем на кој апелираа познавачите е густината на жители, за која во случајов постојат сомнежи дека се коси со Генералниот урбанистички план (ГУП). Според ГУП-от, максимално дозволена густина на населеност во Расадник треба да биде 194 жители по хектар. Во случајот, со вака предложениот Детален урбанистички план, познавачите тврдат дека густината ќе биде речиси 5 пати повисока, односно ќе има 1.000 жители на хектар.

Би можело да ве интересира

Се намалува интересот за градење, издадени една третина помалку одобренија за градба

Орце Костов

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов