(ВИДЕО) Талески: Наместо одговорност Мицкоски и ДПМНЕ молчат за скандалите со Гаши, се враќа неказнивоста

Од:

Пратениците на СДСМ и коалицијата ќе гласаат за интерпелацијата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, рече пратеникот Миле Талевски кој беше прв пријавен за збор на денешната собраниска седница.

Талевски ги повика колегите од ВМРО-ДПМНЕ и тие да го сторат истото и да докажат дека остануваат на зборот кој постојано го даваа пред изборите, дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од одговорност ако работи спротивно на законот.

-Ако сакаа да си го сочуваат образот, оваа интерпелација ќе дојдеше од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Каде е денеска премиерот Мицкоски повторно да порача дека никој не е над народот и дека законот важи за сите? Нели ги уверувавте граѓаните дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од одговорност и дека секој што ќе работи спротивно на законот ќе одговара: За само два месеца има серија скандали на власта предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а одговорност нема за никого. Функционерите од ВМРО-ДПМНЕ седнаа во удобни фотелји и веднаш ја сменија плочата, станаа недоприливи. Во ништо и кај никого од власта не гледаат одговорност, истакна Талевски.

Според него, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаа шанса да побараат одговорност од Гаши, но тоа не го сторија.

– Мицкоски ја враќа неказнивоста на голема врата, ја пропушти шансата да го смени Гаши. Само така ќе докажеше дека стои на зборот за одговорноста на политичарите. Еве шанса за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, нека гласаат денеска. Ако не гласаат, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ веќе немаат образ да прозиваат кого било, а СДСМ нема да стои на страна и нема да дозволи да ја приватизирате државата, порача Талевски.

Реплицираше Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дванаесет пати го спомнавте Мицкоски. Тоа само покажува колку сте опседнати со него и дека не станува збор за никаква интерпелација, туку за гола политика што сакате да и ја продадете на македонската јавност, рече Митева.

Седницата почна со обраќање на Гаши.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

Мицкоски: Ние знаеме каде ја водиме Македонија – кон просперитет и иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски