ВИДЕО: Светлата на едната страна од Црн Дрим по еден месец не работат

Од:

Осветлувањето на едната страна од коритото на реката Црн Дрим во Струга, кое општината свечено го откри минатиот месец, не работи. Светлата во неколку бои се вклучени, но не светат. Ова се случува втор ден по ред. Не се знае дали станува збор за дефект, но тие се под десетгодишна гаранција.

Пред повеќе од еден месец, струшкиот градоначамик Рамиз Мерко со спектакуларен огномет, пренос во живо, снимки од дронови, свечено го пушти во употреба осветлувањето на реката.

За него се потрошија близу 110 илјади евра. Должината на осветлувањето, според објавата на Општина Струга, е 1800 метри. Биологот Кирил Арсовски – Пржо, кој се занимава со истражувања на националниот биодиверзитет и урбаната екологија, осветлувањето го опиша како естетски одвратно и штетно за живиот свет.

Според склучениот договор меѓу Општина Струга и струшката фирма „Те-џи бм електрик“, која победи на тендер, градоначалникот Мерко треба да ѝ исплати 109.979 евра.

Би можело да ве интересира

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

А1он

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ