Мерко го посине Црн Дрим, биологот Арсовски го опиша како естетски одвратно и штетно за живиот свет

Од:

Струшкиот Црн Дрим доби сино осветлување платено од градската каса. Градоначалникот Рамиз Мерко потроши близу 110 илјади евра за поставување на светлата во коритото на реката. Должината на осветлувањето, според објавата на Општина Струга е 1800 метри. Биологот Кирил Арсовски – Пржо кој се занимава со истражувања на националниот биодиверзитет и урбаната екологија, осветлувањето го опиша како естетски одвратно и штетно за живиот свет. Од Струга најавуваат и „инаугурација на проектот за осветлување на реката Црн Дрим“ веќе за утре.

„Исполнувајќи ги сите архитектонски барања, осветлувањето на коритото се реализира во согласност со регулативата за нормативно технички стандарди. Проектот вклучува инсталација на арматура изработена од не’рѓосувачки челик, отпорен на корозија. Должината на коритото е 900 м., додека арматурата за осветлување беше поставена од двете страни на коритото со должина од 1800 м“, објавија од Општина Струга.

Биологот Арсовски-Пржо, чии оценки за влијанието на осветлувањето наидоа на поддршка, вели дека еден значаен речен екосистем личи на базен во хотел во Саранда.

„Осветлувањето на речните води, го менува циркадијалниот ритам на живиот свет односно се губи чувството за ден и ноќ. Дополнително осветлување го зголемува или изменува циклусот на раст на водните алги, што влијае врз квалитетот на водата во реката. Светлината го нарушува животот на рибите особено чувство за ориентација, комуникација и растење. Осветлувањето ја зголемува температурата на реката. Загадувањето со светлина значително го намалува живиот свет во градските средини, со што го спречува нивното хранење, размножување и движење. Да повторам – ружно е и непотребно! Па не постои ‘поДУИ’ естетика од ова, реално“, пишува Арсовски-Пржо.

Според склучениот договор меѓу Општина Струга и струшката фирма „Те-џи бм електрик“, победник на тендерот, градоначалникот Мерко треба и исплати 109.979 евра. Таа за квалитетот на осветлувањето гарантира во наредните десет години.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски