Половина месец по свеченото сечење лента за отворање на гаражата „Солунски конгрес“ за денот на независноста 8.септември, граѓаните продолжуваат да ги паркираат автомобилите по кејот на Вардар, слободниот простор околу „Македонска пошта“ и „МЕПСО“.
Голем број на автомобили се паркирани околу „Солунско конгрес“, место наменето за пешаците, избегнувајќи да платат за користење на паркинг, но не и внатре во новоотворената гаража.
Првата автоматизирана катна гаража „Солунски конгрес“ располага со капацитет од 280 паркинг места, распоредени на девет ката.
Цената за паркирање првиот час изнесува 40 денари, за вториот – 30 денари, а секој нареден час по 20 денари. Изградбата на „Солунски конгрес“ траеше три години и чини 5.5 милиони евра.
Петар Клинчарски