ВИДЕО: Стотици граѓани со жив ѕид го бранеа ГТЦ

Од:

Неколку стотици граѓани кои се држеа за раце го прегрнаа Градскиот Трговски центар како одговор на намерите да се преоблече во барок. Тие уште еднаш порачаа дека нема да дозволат да се одземе еден од симболите на Скопје.

Сликари, поети, актери, архитекти порачаа да прастанат експириментите во градот и газењето по авторските права на видните и докажани автори.

ГТЦ е дело на архитектот Живко Поповски, кој остави во аманет дека не смее да се менува неговото дело од постмодерната. Власта сака Трговскиот центар да го префасадира во барок стил и да го затвори.

Против ваквата намера се голем дел од дуќанџиите во трговскиот центар како и станарите на петте кули во ГТЦ. Повикот и иницијативата за ваквата реакција против менувањето на ГТЦ дојде од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Пред да го направат обрачот околу ГТЦ, пред граѓаните се обратија  професорите Митко Ралев, Елизабета Аврамовска, Мартин Гулевски, Небојша Вилиќ, претседателката на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија,  Даница Павловска. Сите повикаа на стопирање на намерата најдрско да се гази врз нечие дело и авторство и да се налепуваат барокни фасади. Граѓаните низ емоции зборуваа за значењето на ГТЦ како нераскинлив дел од нивните спомени, младоста, сликата за едно убаво Скопје, на еден убав град. Сите се согласни-доколку се обновува трговскиот центар, треба да се почитува авторството на професорот Живко Поповски. На протестот поддршка дадоа и невладини организации, Првата Архи Бригада, Плоштад Слобода, но и градоначалникот на Центар,  Андреј Жерновски.

Петицијата со која се бара ГТЦ да не се менува, само за неколку часа ја потпишаа над 4000 граѓани.

П. П.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов