(ВИДЕО) Стојаноска: Законот за двојазичност ја уназадува употребата на македонскиот јазик

Од:

„Законот за двојазичност е спротивен на Уставот на Република Македонија. Законот за двојазичност ја разбива кохезивноста во македонското општество и ја уназадува употребата на македонскиот јазик како врзивно ткиво за сите етнички заедници кои живеат во земјава.

Законот за двојазичност креира правна несигурност и предизвикува сериозни финансиски импликации, а реално нема да придонесе за подигнување на стандардот на Албанците во Република Македонија.

Законот за двојазичност дефинитивно ги става во подредена позиција припадниците на сите останати етнички заедници во земјава.

На сите овие недостатоци, укажуваа правните експерти, претседателот на државата и општата јавност, но СДСМ одлучи да се инаети на штета на државата и граѓаните и на сила да го турка неуставното решение. Наместо да го повлече законот и да ја прифати конструктивната понуда за широка дебата, СДСМ упорно го турка законот за двојазичност, кој е спротивен на уставот и штетен за граѓаните и државата.

Денеска ќе ви образложиме дел од членовите кои се во директна спротивност со уставните одредби. На сите овие членови пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе приложи амандмани за нивна корекција.

Имено според член 8 од Законот – Книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Според овој член исто така униформите на полицијата, пожарникарството, здравството, во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Овој член 8 од предложениот закон не е во согласност со член 54 став 3, со Амандманите V и VIII од Уставот на Република Македонија бидејќи се во спротивност со обврската на Република Македонија да им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите помали етнички заедници.

Членовите 12,13 и 14 од Законот не се во согласност член 54 став 3, со Амандманите V и VIII од Уставот на Република Македонија поради тоа што се во спротивност со обврската на државата да им ја гарантира заштитата етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници што им го ограничува правото по службена должност на помалите етнички заедници да ги добиваат личните документи на јазикот кој го зборуваат помалку од 20%. Токму вакви решенија можат и да се сметаат како дискриминаторски по основ на национално потекло што е во спротивност со членот 54 став 3 од Уставот на Република Македонија.

Колку аматерски, неуко и на брзање е пишуван законот за двојазичност најдобро говори Член 24. Тој гласи – Со донесувањето на овој закон престанува да важи Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа. Ова е спротивно на член 52 од Уставот на Република Македонија бидејќи правно е невозможно со закон кој што е донесен, а не е потпишан од Претседателот на Република Македонија, не е објавен во Службен Весник и не е влезен во сила да престане претходно донесен закон кој е важечки се до денот на влегувањето во сила на Законот за употреба на јазици.

Ваквиот закон доведува до опасност да се наруши хармонијата и кохезијата на македонското мултикултурно општество, бидејќи доаѓа до деградирање на единствениот интегративен елемент – македонскиот јазик.

Овој закон нема да го унапреди животот на граѓаните. Владата на СДСМ наместо трошење на време и пари за закони кои не носат единство и просперитет, треба да се насочи кон мерки и проекти кои го унапредуваат животот на граѓаните во Република Македонија“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС