(ВИДЕО) Стоилковски: Запрена дивоградба зад која има сомневање дека стои Артан Груби, тој повикува на конфликт

Од:

Ова зад мене е започната дивоградба за која што има основано сомневање дека зад неа стои Артан Груби, а градител е неговиот братучед. Започнатата луксузна градба со базен е дивоградба затоа што за неа нема дозвола. И затоа градбата е запрена од општината рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес конференција одржана пред објектот за кој тврди дека е поврзан со првиот вицепремиер Артан Груби.

– Кога се нема дозвола, а се гради, тоа е дивоградба, а тоа е криминал. Со денови Артан Груби и ДУИ шират лаги дека ВМРО-ДПМНЕ е против градење, а Христијан Мицкоски забранил Албанци да градат во општините, а ова е причината: сопрена дивоградба, градба без документи, на Груби! Никој не е против градба, ниту има етничка заднина, ВМРО-ДПМНЕ е против криминалот, а градење без документи е криминал! И тоа го боли Артан Груби, рече Стоилковски.

Стоилковски рече дека дивоградбата и запирањето на градбата од Општината се причината за Артан Груби да посакува меѓуетнички конфликт да обвинува за дискриминација.

– Запирањето на дивоградба е причина за Груби да го злоупотреби ДУИ за соопштенија дека ВМРО-ДПМНЕ им забранува на Албанци да градат. Артан Груби е професионален Албанец кој ја злоупотребува етничката припадност за криминали. Од криминалот на Груби, губат и Албанци и Македонци, а ќар има само тој. Ова е веќе петти огромен скандал поврзан со Артан Груби, по дуќанот во Центар, баждарењето на нафтени деривати, хотелот на Шапка, житото од државните резерви… Уште што треба да направи Артан Груби за институциите да почнат да работат? По смената на власта, сите до еден случај ќе бидат испитани и одговорност ќе има рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ