(ВИДЕО) Стоилковски: Власта се занимава со случаи од пред 15 години, а моментално има криминал од милиони евра

Од:

„Не постои држава каде што премиерот е над волја на граѓаните особено не по пропаднат референдум. Ваквите притисоци се показател на очајник, кој во очајот од пропаднатите политики, нема ништо што друго да примени за да избега од словото на правото и на правдата. Има причини за тоа има бројни криминали и затоа прибегнува кон сила. Но ништо не е посилно од гласот на народот и љубовта кон татковината. Власта е вистинскиот заштитиник на криминалот, а Зоран Заев е нејзниот главен покровител. Ако на власта и беше за правдата немаше да бега и да се крие од предлогот за нова обвинителска институција која ќе го расчисти со криминалот, незаконието и сомнежите за корупција. Ја одбија затоа што СЈО им треба за политичка алатка за политички притисок, а воедно и да ги амнестира од криминалот кој што го прави оваа власт на дневно ниво.

Ќе потсетам додека власта се занимава со случаи пред 15 години, а имаме моментален криминал од милиони евра, само за набавка на учебници се стопија 5.3 милиони евра во 4 очи, се потрошија и милиони евра за крвави тендери во здравството, за криминални иновации, за бизнисите на тендерашот Анѓушев, оној трагикомичен скандал со 1.5 милиони евра за набавка на лубриканти додека народот гладува. Тоа е вистинската хипокризија на оваа власт“, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на новинарското прашање во врска со денешниот нов случај на СЈО, „Поштенска банка“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски