(ВИДЕО) Стоилковски: Омаловажувања по пол и возраст – дел од недоличните напади на Пендаровски кон Сиљановска Давкова

Од:

„Навреди, омаловажувања по пол и возраст се само дел од недоличните напади на Стево Пендаровски и неговиот тим упатени директно кон кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Велат, логички у Бардовци треба да оди, и тоа е навреда упатена преку социјалната мрежа Фејсбук директно од шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски, Ѓорѓи Галетановски наречен Чомбе кон Гордана Сиљановска Давкова.

Ова е коментарот на Галетановски објавен кај него, објавен на неговиот Фејсбук профил.

Ваквиот коментар на Галетановски предизвика низа други навредливи коментари токму преку социјалните мрежи. Со ваквите коментари се омаловажува Сиљановска и се дискредитира нејзината личност“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стево Пендаровски пак на телевизискиот дуел со Гордана Сиљановска Давкова негираше дека било кој од неговиот тим ја навредувал Сиљановска, очигледно играјќи на краткото паметење, и притоа ветувајќи дека доколку му се дадат докази за навреда кон Сиљановска од било кој од неговиот тим, тој веднаш ќе го избрка тој лик од тимот кој што му ја води пиар стратегијата за време на оваа кампања.

Господине Пендаровски очекуваме доследност во вашите ставови. Напуштете ја матрицата на Зоран Заев за негирање.

Напуштете ја матрицата заевизмот, на се што кажувате и спроведете го тоа што го ветивте пред целата македонска јавност, а за што впрочем Ве потсетивме.

Доколку и овој пат не го испочитувате вашето ветување само ќе потврдите дека вие и Заев сте 102,5% исти“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“