(ВИДЕО) Стоилковски: Јавноста мора да знае дали државата е безбедна

Од:

Јавноста мора да знае, дали државата е безбедна, дали Стево Пендаровски е безбеден, дали е следен од странски служби, кои се тие странски служби за кои што посочува Пендаровски? Спасовски е должен да одговори, постои ли безбедносен ризик, точни ли се обвинувањата на Пендаровски, која е таа опозициска партија за која зборува Пендаровски, а се надоврзува Кирацовски, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски.

„Претседателскиот кандидат на власта во втор обид, Стево Пендаровски се чувствувал небезбеден, обвинува за негово следење како вели веројатно и на неговото семејство. Пендаровски, поранешен полициски функционер, обвинува дека странски служби шетаат и го фотографираат него и неговото семејство. Истото обвинување беше поддржано и од Кирацовски, партиски генерален секретар и шеф на изборниот штаб на Пендаровски. А два дена Оливер Спасовски, вицепремиер, партиски противкандидат на Пендаровски, и воедно министер за внатрешни работи молчи за обвинувањата“, изјави Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици