ВИДЕО: Стевчо Јакимовски првиот работен ден го почна во судница, судењето се одложи поради корона

Од:

Еден ден откако ја презеде градоначалничката функција во Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска се појави на суд каде му се суди за дело злоупотреба на службената положба и овластување. На стартот од судењето Јакимовски достави поднесок дека родителите на неговиот адвокат се заразени со корона, потенцирајќи дека се вакцинирани. Прашан од судијата Осман Шабани дали адвокатот кој не дојде на рочиште, живее со родителите, Јакимовски кажа дека само имал постојан контакт со заразените. Ова е и причина за одложување на рочиштето.

„Јакимовски наведе дека покрај неговиот татко и мајка со кого имал интензивен контакт, во семејството на бранителот се заразени и други членови на семејството. Поради избегнување на евентуално ширење на заразата, бранителот до произнесување на органите за испитување нема да може да присуствува на главните расправи”, кажа Шабани и побара од Јакимовски неговиот бранител да се тестира и да достави решение за изолација.

Ова беше прво судење за овој предмет, по судската ферија. Предметот се суди одново, бидејќи судечкиот судија Горан Бошевски беше разрешен, а нов судија е Осман Шабани. За овој предмет, Јакимовски беше и во куќен притвор. Тој се гони бидејќи со неговите дејствија, Обвинителството тврди дека направил штета од 7.209.600,00 денари без ДДВ на буџетот на Општина Карпош.

Според Обвинителниот акт, обвинети се 6 лица. Првообвинетиот Јакимовски е обвинет за повеќе кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и едно кривично дело бесправно градење од Кривичниот законик. Тој се товари дека од 2011-2017 година, како градоначалник, во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ водат ноевска политика

Јакимовски: Османи води жирафа политика – цело време бере гајле за Косово, никако да предложи нешто за Македонија

Предраг Петровиќ

Јакимовски од Струга: Кого лаже Мицкоски, германскиот пратеник или граѓаните?

Предраг Петровиќ

Јакимовски не го потпиша Кодексот за фер избори: Огромни суми за четирите партии, трошки за останатите

Предраг Петровиќ

Јакимовски: Како иден претседател на Република Македонија ќе предложам клучни реформи во локалната самоуправа

Горан Наумовски

Јакимовски: Во овие тешки времиња многу е битно кој ќе биде врховен командант

Катерина Ѓуровски