ВИДЕО: Ставена куполата на џамијата во Охрид, Заев вели дека не може да пушти булдожер

Од:

Додека премиерот Зоран Заев најавува дека со разговори меѓу граѓаните на Охрид и ИВЗ ќе се реши прашањето за тоа што ќе се прави со градбата на минарето на Али-пашината џамија во Охрид, таму градежните работи привршуваат. На минарето денес е поставена покривна конструкција. Тоа се забележува и од домовите на граѓаните, поради неговиот габари. „А1 он“ побара став од ИВЗ, за тоа дали е завршена доизградбата на објектот, но не добивме одговор.

Премиерот Зоран Заев тврди дека не е запознаен дека е поставена куполата на минарето. Тој и натаму вели дека ќе разговара со „Совест“ и ИВЗ. Рече дека на крајот законите ќе провладаат, но откако му беше кажано дека градбата е пред самиот крај, тој повторно се повика на институциите.

„Значи да увидиме што е што. Да увидиме како е ставено, што е направено таму, треба да ги видиме сите тие детали. Премиерот е достаpен за вашите прашања, но не може да биде директен извршител, да ги пушти булдожерот, да сруши објкет, да го сопре процесот. Низ институциите се решава, секој со своите надлежности, права, како и одговорности“, вели Заев.

Градежните активности на охридската џамија не застанаа во ниеден момент иако и премиерот Зоран Заев во предизборниот период изјави дека ресорното министерство нема издадено одобрение за градба на минарето. Граѓанското здружение „Совест“ од почетокот на градбата укажуваше дека станува збор за дивоградба и непочитување на законите, но институциите не постапуваа. Ваквиот однос, власта го правдаше со меѓуетнички соживот, а се шпекулира дека изградбата на минарето на џамијата е услов за опстанок на коалицијата СДСМ-ДУИ.

Премиерот Зоран Заев оствари една средба со претставници на здружението „Совест“. По средбата, беше кажано дека градбата ќе се стопира, а разговорите ќе продолжат по изборите, сè до конечно решение, но досега средбане се одржа. Заев вети дека ќе биде поставена жолта лента за забранет пристап пред џамијата, но институциите не постапија.

За изградба на минарето треба да се издаде дозвола за градба од ресорното министерство, во спротивно тоа ќе треба да се отстрани бидејќи се смета за дивоградба.

„А1 он“ и претходно објави дека ИВЗ и Владата имаат заеднички договор дека ќе се направат отстапки во висината на минарето, кое, наместо 32, ќе биде 25 метри, за да се затворат спорните прашања. Отворено останува само прашањето за правната регулација на овој договр. Премиерот Заев го негира ваквиот договор, а од ИВЗ немаат конкретен одговор.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Во џамија во Виена, имамот и вработените организирале оргии и плаќале ескорт дами со парите од верниците

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот