(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

Од:

Анестезиолошки техничар, вработен на КАРИЛ, Жарко Грозданоски се товари дека го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над еден милион евра во старото охридско јадро, по претходно склучен договор за доживотна издршка, дознава А1он.

Грозданоски е лидер на организацијата „Христијанско братство“ и против него во 2019 година е поднесена кривична пријава за упатување смртни закани кон тогашниот премиер Зоран Заев „Христијанско братство“ во 2018 година најави дека ќе се борат до крај за да не дозволат референдумот за промена на името на државата да успее:

СВР Охрид го расчисти убиството на Митревски, кој беше сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак”. Сторителот е идентификуван и приведен набрзо по извршување на злосторството, информираа од МВР.

Според непотвредените информации, Жарко Грозданоски и Митрески претходно склучиле договор за доживотна издршка, со кој Грозданоски се обврзал да го чува и негува Митрески во замена за наследство.

Наследството кое Грозданоски. сакал да го присвои претставува недвижен имот во старото охридско јадро со проценета вредност од над 1.000.000 евра.

Неофицијално, обвинетиот свесно го „забрзал умирањето“ на жртвата за побрзо да се стекне со владеење врз имотот.

Жарко Грозданоски е официјално обвинет за убиство сторено од користољубие. Истрагата продолжува, случајот е проследен и до Јавното обвинителство, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пијан татко со силно тресење го уби својот четиринеделен син – ја чека пресудата

А1он

Ѕверски ја уби мајка си (69), па повика полиција

А1он

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Ја задушил и ја закопал, на пријателите им рекол дека му дошла на сон и му кажала од каде да ја спаси

Катерина Ѓуровски

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ