(ВИДЕО) Уништената е големата џамија во Занџан, има мртви и ранети

Од:

Иранскиот државен медиум „Мехр њуз“ објави видео снимки од последиците од вчерашниот напад врз познатата џамија „Голема Хосеиније“ во Занџан, голем шиитски религиозен центар во централниот дел на земјата.

Си-Ен-Ен објави дека иранската новинска агенција ИСНА соопшти дека во нападот загинале три лица, а неколку други се ранети.

Снимките покажуваат значителна штета на структурата на џамијата, со урнатини на земјата и столбови чад што се издигаат од неа.

Според иранскиот државен радиодифузер ИРНА, нападот ги уништил административните и културните делови од комплексот, вклучувајќи ја библиотеката и салата за состаноци.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите