На мостот „Слобода“ од утринава се монтира долгоочекуваната барокна ограда со антички штитови. Елементите изгледаат токому како на фотографиите што ги објави пред една година градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
На релјефот се наоѓаат елементи од знамето од Вергина, антички штитови, машки и женски физиономии во народна носија како свират на кавалчиња, како и македонското знаме.
Според пресметките од договорите што ги склучи Град Скопје за изработката на оваа ограда, таа чини околу 1,8 милиони евра.
За споредба мостовите кај Хром и мостот „Близнаци“ чинат вкупно 1,5 милиони евра.
Во леењето учествуваа скопската фирма „РЖ Институт“ и белградската леарница „Јеремиќ“.
Маја Васева