Денеска започна кампањата „Го Сакам ГТЦ“. 17 невладини организации и граѓаните застанаа и го поддржуваат референдумот кој што го распиша и го организира Општина Центар на кој граѓаните на 26 април треба да гласаат дали се за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.
На вечерашниот старт на кампањата на кој пред ГТЦ се собраа неколку стотини граѓани, градоначалникот на Центар Ангдреј Жерновски рече дека тука е дојден пред се како жител на Центар и на Скопје.
Ова, посочи Жерновски е историски референдум бидејќи е прв во Општина Центар и во Скопје.
„Ние сме на терен со граѓаните кои се информирани и знаат дека на 26 април се носи одлука за иднината на ГТЦ, очекувам дека граѓаните масовно ќе излезат на гласање и ќе го овековечат овој датум“, рече Жерновски.
На 26-ти избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот се гласа со „за“ и „против“ на референдумското прашање, „Дали сте за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ?“