(ВИДЕО) Стајковци: Немаме каде да се избањаме, останавме и без купатило

Од:

Како и за сите нешта во државава, така и за поплавите во Стајковци-Секое чудо за три дена. Водата се повлече, но со неа и сета помош која се ветуваше. Освен првичните петстотини евра, жителите на Стајковци уште ја исчекуваат и паричната помош која беше собрана со донации на граѓаните како и обештетувањето од државата од кое исто нема абер засега.

А1он повторно беше на улицата 6 во Стајковци, место кое најмногу беше потопено од поплавата. Луѓето немаат ништо по дома, нема каде да се избањаат, каде да се исперат-останаа без купатила.

-Нема каде да се избањаме, деца големи средношколци. Саниравме нешто сами, каква држава! Децава само се задолжуваат, за да се поправи барем нешто. Нас ништо не ни остана, немаме кујна, воопшто немаме купатило, имаше се, сега нема ништо, немаме кревет каде да легнеме. Бараме помош, кој може да ни помогне. Децава што се задолжија и за ова што се поправи досега, како знаеме ќе враќаме, вели жена од улицата 6.

Ова шестчлено семејство ја исфрли сета покуќнина по поплавите зашто веќе беше неупотреблива. Сега сите се сместени во две соби на горниот спрат каде е претесно за сите. Ситуацијата е слична во сите домови во оваа улица, оставени без покуќнина и без услови за живот. Времето на сликање и ветувања заврши, можеби сите овие луѓе ќе бидат оставени да чекаат до ноември, кога почнува изборната кампања. Тогаш повторно власта ќе се сети на нив и веројатно тогаш ќе почнат да добиваат пари од обештетувањето.

Би можело да ве интересира

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја