ВИДЕО: Средба Спасовски – Палмер: Реформите и нивното спроведување најавуваат позитивна и скорешна одлука на ЕУ за почеток на преговорите

Од:

Претседателот на Владата Оливер Спасовски, на маргините на Самитот за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој во Лондон, се сретна со специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

На средбата уште еднаш беше потврдено пријателството и стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија, а како посебно беше издвоено лидерството на земјата во регионалната соработка.

Во таа насока, премиерот Спасовски истакна дека земјава останува посветена на исполнување на обврските од договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и на договорот од Преспа со Грција, кои добија признание дека се остварени во духот на европските вредности, и дека се светол пример за решавање на билатерални спорови во регионот.

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер на средбата ја повтори определбата на неговата земја за поддршката на реформите и нивното спроведување во Македонија.

Палмер истакна дека од резултатите од реформите и од нивното спроведување се очекува позитивна и скорешна одлука на ЕУ за почеток на преговорите како логичен чекор и заради исполнувањето на сите критериуми и стандарди за членството во НАТО.

Би можело да ве интересира

Барселона, Мадрид и Париз се омилените дестинации на европските патници во 2026 година

А1он

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски