(ВИДЕО) Спасовски по средбата со БЕСА: Разговаравме за принципите на кои ќе биде формирана новата влада

Од:

„Денеска завршивме со разговор со работната група на БЕСА. Преговорите продолжуваат и во наредните денови. Начелно, разговаравме за принципите на кои треба да биде формирана идната реформска Влада. Принципите во однос на тоа кои луѓе, какви кадри се потребни за да имаме реформи, меѓутоа, тоа е на принципиелни основи и очекуваме дека во наредниот период ќе отвориме малку повеќе детали околу составот на идната влада, се со цел да постигнеме договор и со БЕСА и со другите политички субјекти кои се дел, односно треба да бидат дел од новото парламентарно мнозинство“ изјави Оливер Спасовски по средбата на СДСМ со работната група на Движењето БЕСА.

Одговарајќи на новинарски прашања, Спасовски напомена дека во моментов разговорите се за принципите, а не за поделба на ресори.

Кога ќе ја соопштите одлуката за поделба на ресори, со оглед на тоа што соопштивте дека до вторник очекувате да го поднесете предлогот за Влада до Собрание?

Одлуката за поделба на ресори и за кадровски решенија ќе ја соопштиме во моментот кога ќе ја имаме.

Бараат ли БЕСА министерско место?

Сега разговаравме за принципите, не разговаравме воопшто ниту за поделба на ресори, ниту за други детали кои треба да ги имаме утврдено при праќање на предлогот, така што како за првична средба можам да оценам дека е позитивна, но ќе треба да продолжиме уште многу да работиме.

Какви услови има БЕСА?

Не разговараме за условување на едните и другите, разговараме за принципи. За нас како Социјалдемократски сојуз е важно да има принципи на основа на кои ќе биде формирана идната реформска Влада, а не на основа на условување меѓу партнерите, бидејќи тоа не е добар начин на комуникација.

Какви се вашите очекувања? Дали БЕСА ќе биде дел од новата Влада?

Ќе знаеме точно, кога ќе завршат преговорите.

Дали тоа значи дека ќе имате уште средби со БЕСА?

Веќе одговорив на тоа прашање, реков дека ќе продолжат разговорите.

Денеска ќе имате преговори со друга партија?

Не. Денеска ќе имаме внатрепартиски консултации, така што најверојатно утре продолжуваме со дебата со сите партии од идната владина коалиција.

А со Алијанса посебна средба ќе има?

Ако сметате дека во сите партии е и Алијансата, да.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он