(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Од:

Вие знаете дека имаше настани на 24 декември 2012 година и тие настани не беа истражени и за нив немаше никаква судска постапка. Сето тоа придонесе да има настани и на 27 април, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по неговото сведочење во кривичниот суд за упадот во Собранието на 27 април минатата година.

Тој рече дека очекува дека судот ќе донесе исправна одлука. „Очекувам исправна одлука заради доверба во институциите и доверба кај граѓаните дека има некој што ги штити во оваа држава“, рече Спасовски.

Министерот рече дека воопшто не е пријатно чувството во судницата. „Чувството е многу непријатно во еден момент кога се наоѓате во една ситуација како пратеник во највисокиот законодавен дом да гледате како државата дозволи да се рушат институциите на системот и притоа да бидат вмешани структури од политички партии и од МВР. И денеска кога истите тие луѓе ги гледам, а со некои од нив сме поминале повеќе време заедно во Собранието, чувството воопшто не е пријатно. Меѓутоа овој процес мора да заврши заради доброто на Македонија, да има одговорност и повеќе вакви случаи да не се повторат“, рече Спасвоски.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава