Сопствениците на деловен простор во ГТЦ се противат на решението за барок стил на трговскиот центар.
Претставникот на Здруженито на сопственици, Васка Митрева која се потпиша на петицијата за зачувување на автентичноста на ГТЦ, кажа дека сите сопственици се единствени во ставот дека ако нешто се уредува, тогаш прво треба да се уреди внатре,а не само да се лепи однадвор.
-Сопствениците не се консултирани, тие првенствено сакаат да бидат прашани за ова, зашто 80 проценти од ГТЦ е купен. Никој не ни покажал како ќе игледа, ние само на телевизија сме виделе. ГТЦ и сега е празен, закупнината се изедначи со средствата за тековно одржување. Прометот е намален, ГТЦ пропаѓа, ако е барок нека го уредат прво внатре, што ќе ни е барок ако внатре не чини, вели Митрева.
Сопствениците на деловен простор во ГТЦ се сомневаат дека доколку трговскиот центар се затвори, уште повеќе ќе се намали прометот.
Предраг Петровиќ