ВИДЕО: Социјалдемократите го блокираа влезот на Центарот за социјални работи во Ресен

Од:

Веќе втор ден во Ресен социјалдемократите во знак на отпор на сето она што се случува во државата ги блокираат влезовите во јавните установи.

Денеска беше блокиран влезот на Центарот за социјални работи во Ресен.

„Оваа институција е уште една своевидна минифабрика за вработување на партиски послушници, институција во која нема столчиња колку што има вработени.

– Институција во која вработувањата се вршат надвор од било какви стандарди, за што чист пример е и директорката Бојана Транталовска против која се поведуваат дури и судски постапки. Оваа установа е само уште едно делче од мозаикот, наречен владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен.

– Установа која ќе остане запаметена по укинувањето на надоместокот за патни трошоци на децата со посебни потреби до Дневниот центар“, велат од СДСМ Ресен.

„Ова е установа која не водејќи сметка за социјалната положба на граѓаните на Ресен и Преспа му го укинуваше правото на социјална помош ,на луѓе кои не припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ“, рече во својата изјава, Никола Станковски од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус