(ВИДЕО) Со сила се урива објект за екс министер да има двонасочен премин до новата парцела

Од:

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски сака бесправно да урне гаража, објект кој е изграден во 1963 година со цел екс заменик министерот за образование, Спиро Ристовски да добие двонасочен премин до новата парцела. Гаражата за која како што за А1он вели сопственикот на земјиштето, Мартин Петковски, Јакимовски вршел силен притисок во општината да се извади од деталниот урбанистички план ја има во катастарскиот план уште од 2003 година.

Тој во изјава за А1он вели дека со цел екс функционерот да може да си поминува со големите возила, вршел притисок врз Јакимовски и општината за да се урне гаражата и да се направи експропријација на нивниот плац.

– Се вадат на делот дека е од јавен интерес. Гаражата која е исцртана во катастар сакаат буквално преку ноќ да ни ја срушат. Велат дека е бесправно изграден објект, а имаме документи дека е легализирана. Имаме спор на Управен суд кој не е завршен, но општината сака без одлука на судот и преку ноќ да ни го урне објектот, вели Петковски.

Во 2016 година, Спиро Ристовски се повлекува од сопствеништвото на објектот, па сопственици остануваат единствено Игор Крстевски и Александар Најдовски. Според Петковски, екс заменик министерот е повлечен само фиктивно.

– Тој се повлекува од сопствеништвото фиктивно, за да не се споменува и неговото име во јавноста. Тој минатата година ни го предочи ова што сега општината се обидува да го направи, односно дека ќе ни биде урната гаражата за тие да можат да влегуваат со своите возила, вели тој.

Според документацијата, по повлекувањето на Ристовски, две третини од земјиштето остануваат на име на Игор Крстевски, а една третина на име на Александар Најдовски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Подготвен сум секогаш, секаде и со секого да дебатирам за сето она што е важно за македонските граѓани

(ВИДЕО) „Не продаваме ништо ниту пред избори ниту по избори“: ГРОМ, Интегра и ПЦЕР ја промовираа коалицијата

Орце Костов

Јакимовски поднесе кривична пријава против непознато лице за ставањето на „црната листа“ на Стејт департментот

Горан Наумовски

Јакимовски за американската „црна листа“: Ова е акт на насилство, директно мешање во изборниот процес

ДИК за ставањето на Јакимовски на црната листа на САД: Условите за избор на претседател се содржани во Уставот

Предраг Петровиќ

Јакимовски доби јавно извинување од Управата за водење на матични книги

Горан Наумовски