ВИДЕО: Со психичко нарушување и на антидепресиви заврши претепаното дете од Кочани, мајката одбила да се грижи за него

Од:

Речиси еден месец се води случајот за детето што со клоци по главата и со шлаканици беше претепано во Кочани. Предистражните дејства се пред крај и се подготвува обвинителен акт. За тоа време претепаното дете е со лоша психичка состојба, покажале и мислењата дадени од психијатар и психолог. Од Министерството за труд и социјална политика за „А1он“ велат дека детето потекнува од дисфункционално семејство, мајката била во затвор, а по излегувањето, одбила да се грижи за малолетникот. Адвокатот Амет Срџан, кој го застапува случајот на 13-годишното момче, вели дека детето е сместено во групен дом.

„Прима антидепресиви за деца. Сериозно е нарушена неговата психичка состојба. Во новото семејство се адаптира, сѐ е добро до сега. На детето му е направена психоанамнеза, беше на психијатар и психолог. Има големи последици врз неговата психа од настанот што се случил. Сериозна терапија му е дадена на дете од 13 години. Има психичко нарушување од настанот. Тоа е доставено до службите, Центарот за социјална работа многу добро си ја заврши својата задача и прават сѐ што можат“, вели адвокатот Срџан за „А1он“.

Претепаниот малолетник бил сместен во згрижувачко семејство, а бегал во повеќе наврати. Последен пат од Скопје избега во Кочани кај својата биолошка мајка, каде што беше и претепан поради, како што се наведуваше, обид за кражба. Мајката, била во затвор, а по излегувањето, одбила да се грижи за малолетникот.

„Детето во повеќе наврати бега од згрижувачкото семејство поради што стручниот тим од Центарот презеде дејства за промена на формата на грижа, односно да биде сместен во рамките на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје, а која постапка е во тек. Во однос на неговиот историјат, во согласност со податоците со кои располагаме, детето потекнува од дисфункционално семејство. Често, по сторено бегство, е пронаоѓан во Кочани, како и во други градови од државата, откако ќе стори кривично дело, при што старателскиот орган бил известен и презел конкретни дејства за негова грижа и заштита на неговите права и интереси“, велат од Министерството за труд и социјална политика за „А1он“.

Детето, освен што беше претепано и малтретирано, целиот настан беше сниман и објавен на социјалните мрежи. На снимката се слушаше како моли за помош. Неговиот адвокат Амет Срџан претходно рече дека малолетникот е удиран по целото тело, од главата, лицето, рацете, до колкот, нозете. Тој очекува дека сите инволвирани лица ќе бидат обвинети за тешки кривични дела бидејќи, освен што го малтретирале, тепањето го снимале и го објавиле на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе

Предраг Петровиќ