ВИДЕО: Со пораки во одбрана на ГТЦ

Од:

Граѓаните на Скопје вечерва на листови пишуваа пораки во парк до сите вклучени во планот и реализацијата за менување на изгледот на Градскиот трговски центар. Пораките ги уфрлаа во кутии на кои беа испишани адресите до каде што сакаат да стигнат пораките со нивното несогласување и аргументи зашто ГТЦ да не се префасадира во барок.

-Очекуваме граѓаните да кажат што мислат, овие пораки ќе се собираат уште неколку дена, а после ќе бидат доставени до сите за кои се наменети. Мојата главна порака и моето мото со кое сум во акција е дека кај нас тече барок, меѓутоа ГТЦ треба да остане градски, тоа е дел од нашиот идентитет, не само на Скопјани, тука сите доаѓаат. Ние сме идентитески поврзани со отворен простор со кој имаме интеракција, ова е модерна чаршија, правен е така, да не се примети дека нешто има, се приметува само внатре кога ќе се најдете, дека сте во нешто, рече Никола Писарев, историчар на уметност.

Собирањето потписи и пораки ќе продолжи и во следните денови, а одбраната на ГТЦ се најавува дека ќе трае се додека не се смени ставот да се преправа Градскиот трговски центар, односно додека не се најде заедничко прифатливо решение.

Минатиот петок почна акцијата за одбрана на ГТЦ, кога со жив ѕид околу трговскиот центар над илјада луѓе фатени за раце порачаа дека нема да дозволат истиот да биде претворен во барокна зграда. Идејата потекна од Асоцијацијата на Архитекти на Македонија кои го кренаа гласот против грубото газење на авторските права на архитектот Живко Поповски.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов