(ВИДЕО) Смаиловиќ: Нема потреба од омраза, бегалците не сакаат да останат во Македонија

Од:

Бегалците кои влегуваат во Македонија, по десет дена одат пеш, често се напаѓани од разбојници, и од униформирани лица кои се плашат да ги пријават. Кога ќе пристигнат во Македонија, кон нив се применува нехуман третман и се дискриминирани.

-Ситуацијата во која се наоѓаат е разочарувачка, тие се приморани да го плаќаат превозот многу поскапо од тој за локалното население. Тие плаќаат 25 евра за истото нешто што локалното население плаќа по 5 евра. Таксито е по 150, 200, 250 евра.

Освен Унгарија, Македонија е втората земја во Европа која зборува за огради, нема потреба од тоа. Вчера поминаа 7000 бегалци, пресметајте колку пари се влеале во буџетот на Република Македонија, рече Мерсиха Смаиловиќ од Легис на дебатата “Бегалците на патот од опасност и несигурност кон неизвесност: Како да се обезбеди хуман и праведен третман?“, во организација ФООМ.

Според неа, нема потреба од ксенофобија, со оглед дека бегалците не сакаат да останат во Македонија, тие единствено сакаат да заминат кон европските земји. Но и покрај тоа, рече Смаиловиќ, бегалците наидуваат на голема нетрпеливост, омраза и несоодветен третман чим стапнат во Македонија.

-Во центарот во Гази Баба нема соодветна медицинска помош, докторот не е доктор, туку има општи познавања на медицината, нема топол оброк. Бегалците имаат еден тежок статус во Македонија и натаму, рече Смаиловиќ и додаде дека жената на која цело семејство и загинало на пругите во Македонија, наместо да добие психолошка помош, ја затвориле во Гази Баба.

-Она во Гевгелија што се случува е различно со тоа што се случува во Табановце. Има позитивен дух кога ќе пристигнат во Гевгелија, дека се спасиле, се обидуваат да им кажете добредојдовте, но тоа го овозможуваат само навладините органиации. Кампот во Гевгелија нема вода за пиење, струјата е поставена пред една недела, земјата на која се поставуваат шаторите е од тврди камења, седат на екстремно високи температури. Глетката е навистина тажна.

Во Табановце е друга слика, ја гледате нивната исплашеност каде ќе одат, позицијата не им дозволува многу да се задржуваат, туку само да заминат. Полицијата ги испраќа кон Србија без задржување и односот далеку од камерите е сосема поинаков. Нема хуман третман од страна на нашата држава, бегалците се очајни да излезат од Македонија, тие бегаат од Македонија и нема потреба од ксенофобија, рече Мерсиха Смаиловиќ на дебатата организирана од ФООМ која е со цел да се актуелизира ургентната потреба од хуман и правден третман кон луѓето кои се во потрага по сигурност за сопствениот и животот на нивните семејства.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски