ВИДЕО: Скандалот со општинскиот шпорет и избрканата трудница од работа не се пречка, Велковски бара втор мандат во Лозово

Од:

Скандалот со општинскиот шпорет, кој на лотарија го доби неговата ќерка, и избрканата трудница од работно место во Општината, актуелниот градоначалник на Лозово, Ацо Велковски од СДСМ, не ги гледа како пречка за да побара уште еден мандат. Тој вели дека добил поддршка од партијата како единствен кандидат за градоначалник на Лозово, а на изборите е убеден дека ќе ја добие поддршката и од жителите на Лозово оти за три и пол години вели дека сработил колку што неговите претходници не успеале за дваесет години.

Јавноста му замери за наместена лотарија организирана по повод денот на Општината во декември минатата година кога неговата ќерка доби електричен шпорет, но рече дека семејство одлучило шпоретот да го подари на загрозено семејство. Овој скандал се појави непосредно откако се смирија бранувањата за отпуштањето од работното место на бремената раководителка на секторот за финансии во Општината во 2019 година. Градоначалникот Велковски вели дека двата скандала се расчистени и не смета дека поради нив може да изгуби дел од гласовите.

„Со раководителката работата дека се згреши – се згреши, но таа не е избркана, се врати на работа затоа што јас и пружив рака. Разговаравме и таа е вратена на работа иако кога ги даваше изјавите на телевизија таа не беше бремена. Сега е советник во одделението за даноци и сме во добри односи. Тоа што од ова се направи скандал сите знаеме дека го направи ВМРО. А што се однесува до општинскиот шпорет, го доби мојата ќерка оти си купила лоз, како и многумина жители, но тој не заврши во нашето семејство туку го подаривме на семејство во ризик. Ниту на овој ниту на скандалот со отпуштената не гледам како можен проблем за изборите“, изјави градоначалникот Велковски за „А1он“.

Поради многубројни обвинувања за мобинг од вработените против кои беа поведени дисциплински постапки кои стигнаа и до премиерот Зоран Заев, на почетокот на годинава тој им порача на Велковски и на останатите градоначалници од партијата да не изигруваат локални шерифи туку да им служат на граѓаните достоинствено. Премиерот Заев тогаш појасни и дека лично се вмешал и во расчистување на скандалот со отпуштената раководителка по што биле направени корекциите.

Градоначалникот Велковски тврди дека јавните укори од премиерот не го довеле во прашање неговото партиско кандидирање.

„Со раководителката работата дека се згреши – се згреши, но таа не е избркана, се врати на работа затоа што јас и пружив рака“ – градоначалникот Ацо Велковски

„Добив поддршка од сите населени места во Лозово и ќе бидам единствен кандидат од СДСМ за градоначалник на Лозово“, рече градоначалникот Велковски.

Тој не гледа сериозен ривал ниту од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, дури и во случај противкандидат да му биде неговиот претходник Орце Цветковски во чие време се нудеа по 50.000 денари и по 100 литри ракија за сите ергени над 40 години кои ќе се оженат. Оваа мерка, Велковски тврди дека и не дала некој резултат.

„Имаше седум – осум бракови, но со невести од Албанија. Во мојот мандат тоа беше прекинато, не делевме ниту пари ниту ракија“, потсети градоначалникот Велковски и нагласи дека изминативе години во Италија се исселиле 5- 6 семејства.

Против неговиот претходник, Цветковски, МВР во 2019 година поднесе кривични пријави оти ги злоупотребил овластувањата при легализација на дивоградби во периодот септември 2015 година – март 2017 година. За него предмет имаше и Државната комисија за спречување корупција која во 2019 година утврди дека имало непотизам кога Цветковски си ги вработил во Општината своите внуци и братучеди во периодот од 2009 до 2013 година, но не можеше да се постапува по предметите оти беа застарени.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата